Платите на 1.060 функционери плус градоначалници достигнаа и до 3.000 евра, народот коментира ако СДСМ не го поништи овој нехуман закон нема што да бара на избори
Независниот синдикат на државната администрација со иронија ја честита Новата година.
„ Согласно фактот се зголеми вредноста на Потрошувачка кошница на македонските граѓани на 56.522,оо денари. На ,,Нашите функционери и пратеници” без разлика дали се од позиција или опозиција ќе им се зголеми платата со новогодишен пакет од 400€ т.е. од над 25.000,оо денари.
Со ова ново зголемување на платите на 1.060 функционери + градоначалници и до 3.000 евра а тоа се должи и на одлуката од Уставен суд со кое добија зголемување од 78%.
За 3.000€ т.е. 184.603,оо денари. ќе земаат:
Претседател на државата,
Претседател на Собранието и
Премиерот (предходно 160.000,оо),
Прв вицепремиер 174.067,оо денари,
Вицепремиер за економски прашања 176.347,оо денари,
Вицепремиер задолжен за политики за добро владеење – 154.041,оо денари,
Вицепремиер за европски интеграции 147.140,оо денари,
Министер за одбрана 149.420,оо денари,
Министерот за внатрешни работи 2,883 евра плата или 177.641,оо денар.
Зголемување ќе добијат и пратениците, градоначалниците и останатите функционери.
Се ќе беше добро доколку ја вратија вербата на народот со зголемување на стандардот, почитување на правото, 0% корупција, добри политики…
Доколку било која политичка опција имаше волја можеше да ги изменат и оние ,,77″ закони кои се спомнуваат но најлесно ќе беше да се зголемат платите на сите вработени во јавниот сектор за 78% а со тоа мора да се зголемат и во приватниот сектор.
Поминавме над 6 месеци со Протести со цел да укажеме дека и работникот има душа и треба да има поголема плата.
Согласно Закон за минимална плата и други постоечки закони од март 2024 година, минималната плата треба да се зголеми од 21.200,оо на 22.500,оо денари.
Во план е бришење на минимална плата од сите закони за да нема зголемување на плата.
Среќна Нова ’49-та“ пишуваат тие.
Инаку ваквото нехумано зголемување на платите предизвика револт и горчина кај народот кој коментира дека доколку не се укине овој спорен закон владеачката СДСМ нема што да бара на избори односно ќе доживее катастрофален пораз.