Свет

Петмина избодени во напад на прослава

Советот за јавни работи на ортодоксните Евреи (ОЈПАЦ) објави на Твитер дека напаѓачот, кој имал марама, ги избодел луѓето во еден дом во местото Монси, на околу 50 километри северно од градот Њујорк.

Сите пет жртви биле пренесени во локалните болници, а две се во критична состојба. Еден од нив добил најмалку шест убоди.

Напаѓачот потоа избегал со возило.

„Осомничениот избегал од местото на настанот, но сега е во притвор“, соопшти полицијата.

Според полициски извори, напаѓачот користел мачета, а бил фатен од полицијата во Харлем.

Околу една третина од жителите на округот Рокленд се Евреи, вклучително и голема заедница на ортодоксни Евреи, кои живеат повлечено.

Поврзани вести

Back to top button