Свет

Пензионер две години не плаќал патарина, изјавил дека патарина не треба да се наплаќа

Пензионер две години се возел по автопатите ширум Италија „бесплатно“. Имено, „Дедо Марио“ има 80 години, има „Фиат Пунто“, со којшто до неодамна возел по италијанските автопати без да плаќа патарина.

Според полицискиот извештај, човекот ги минувал патарините „залепувајќи се“ за возилото пред него и притоа веднаш се протнувал под рампата. Неговите „бесплатни возења“ биле откриени со помош на камерите за надзор на автопатиштата, а за сите досегашни такви измами, на неговата адреса му била испратена казна од 4.000 евра. За весникот „Кориеределасера“ (CorrieredellaSera), Марио открива како „го победил системот“ и зошто одбива да плаќа патарината.

– Јас сум обичен пензионер, што значи дека приходите не ми се „јаката страна“. Пензијата во целост ја давам во старечкиот дом. И, како да патувам тогаш? Си го најдов патот и се движам низ земјава без да платам. Што требаше да правам додека другите спијат? Не можам да бидам дома цел ден, објаснува Марио.

Што се однесува до казната, тој вели дека нема да ја плати.

– Автопатите треба да бидат јавни – за сите нас. Не треба да се наплаќаат. Да не зборуваме за цените што се премногу високи за услугата што ја нудат. Со овие цени очекувам повеќе. Услугата им е лоша. Во секој случај, немам намера да плаќам патарини!, заклучува Марио, убеден во својата невиност.

Поврзани вести

Back to top button