Македонија

Паника во Скопје, исплашени жители снимија змии (видео)

Вчера во близина на стадионот „Македонски лавови“ во Ѓорче Петров е снимена змија. Жителите од овој реон се испаничени и на социјалните мрежи реагираат дека ноќта не можеле да спијат од страв.

Конкретно, во овој случај во Ѓорче Петров, според познавачите, се работи за две единки од змијата смок кои се парат. Иако овој период, од април до јуни, е период на парење и размножување на змиите, испаничените родители на децата кои тренираат на овој терен велат дека тревните површини треба да се косат навреме, особено во деловите каде често се движат малолетни деца. Во овој случај се работи за смок, кој не е отровен.

Поврзани вести

Back to top button