Македонија

Пајак го крена автомобилот на директорката на УЈП: По еден телефонски повик повторно го врати назад

Еден жител на Скопје постави видео на „Фејсбук“ страницата „Сид на сообраќајниот срам“ објаснувајќи дека станува збор за службеното возило на директорката на УЈП, кое секој ден паркира на велосипедската патека пред Народна банка.

На видеото се гледа како истото било кренато од пајак службата на градски паркинг но подоцна е вратено повторно. Лицето кое го постави видеото вели дека пајак службата пристигнала по поплаки од граѓани, но возилото не е однесено во депото на Градски паркинг и е спуштено на земја по еден телефонски повик на дел од луѓето кои биле присутни.

Во врска со јавните објави на социјалните мрежи и случајот во кој службено возило на УЈП беше подигнато од Пајак-служба пред зградата на Управа за јавни приходи информираме дека поради несоодветно користење, управување и грижа на службено возилото, ќе се преземат соодветни мерки против вработениот во УЈП задолжен за управување со службеното возило.

Истовремено, информираме дека казната за непрописно паркирање е платена лично од вработениот, a прекршокот се случува во период на отсуство на директорката од УЈП поради здравствени причини, велат од УЈП.

Извор: tv21.tv

 

 

 

Поврзани вести

Back to top button