Македонија
Овој град на само еден час од Скопје е легло на џихадисти

Од Косово има најмногу џихадисти кои се борат во Европа, земајќи го во обѕир вкупниот број на населението, додека градот Качаник кој е на границата со Македонија води во регрутирањето на борци за ИСИС, пренесува ХРТ.
Во Сирија и Ирак се борат 22 мажи, од вкупното население од 34.000 во Качаник, а еден од нив и е Лавдрим Мухаџери, кој го нарекуваат балканскиот Џихади Џон, пренесува ХРТ. Локалните служби, тоа го негираат и ги обвинуваат медиумите за нарушувањето на угледот.