ЖивотЗдравјеТоп

Овие пијалоци го уништуваат срцето

Доколку имате проблем со срцевите болести, важно е да ги следите упатствата на докторите кои секојдневно предупредуваат на можни ризици. Освен лековите и секојдневните активности, важна улога има и нашата исхрана.

Докторката Дебора Ли наведува посебен ризик од неколку различни видови пијалаци кои можат да му наштетат на нашето здравје, поради тоа најдобро е да ги избегнувате. Освен тоа, лицата кои ги консумираат овие пијалаци можат да имаат и други здравствени проблеми.

„Енергетските пијалаци, овошни сокови, газирани пијалаци и ароматизирани млека се сите напитоци со високо ниво на шеќер. Во еден преглед и мета-анализа од 2016 година, консумирањето напитоци со високо ниво на шеќер го зголемило ризикот од мозочен удар за 13 отсто и срцев удар за 22 отсто“, објаснила Дебора Ли.

Ова особено се однесува на консумирањето на енергетски пијалаци затоа што тие освен шеќер често содржат и голема количина на кофеин и состојки кои сè уште не се добро истражени на пазарот.

Потоа, алкохолот не само што го зголемува крвниот притисок тој многу е штетен и за срцевиот мускул.

Докторката Ли препорачува овој пијалак да го замените со вода, чај или сок од зеленчук, а не мора да избегнувате ниту кафе чија препорачана доза е две шолји дневно. Таа напоменува и дека телото мора да остане хидрирано затоа што дехидратацијата предизвикува низок волумен на крвта со што се зголемува можноста за создавање крвни грутки.

Поврзани вести

Back to top button