Тоа не е нешто ново, но она што е ново е придонесот на социјалните мрежи во истото. Некоја ситуација која порано би ја сведочеле тројца, би ја прошепотиле по “селото” и би траела 2-3 дена; денес во дел од секундата ја гледаат илјадници, знајни и незнајни луѓе, и тоа трае и останува во интернет просторот.
Ова е Младен Дулиќ, 22 годишен дечко од Лакташи, кој отишол да побара работа на бензинска пумпа. Работникот решил да го снима додека дечкото пополнува “пријава”, а всушност поставувајќи му потсмевачки прашања. Видеото го ставил на тик ток по што следеле илјадници коментари, навреди и исмевања. Младен, не можејќи да го издржи тоа, си го одзема животот.
Во денешниот нарцисоиден свет, тешко е да се биде наивен, скромен и мил. Нарцисоидниот мајндсет тоа не го простува, туку се слави површниот сјај, суетата, себичноста и бескрупулозноста.
Социјалните мрежи, доколку не се користат одговорно и совесно, се тригер или извор на многу проблеми поврзани со менталното здравје (депресија, анксиозност, анорексија/булимија, и тн). Да бидеме свесни за тоа!
– Ако заборавиме на емпатијата, поддршката и почитта за хуманите вредности, овој свет ќе стане многу суров за сите нас.