Живот

Откриена причината за рак на јајници

Жените кои имаат аномалија на генот BRIP1 имаат три пати поголема можност да им се развие рак на јајниците, укажува најновите истражувања.

upala-jajnika

Променетиот ген веќе е препознат како предиспонирачки фактор на тој рак, но ова е првпат опасноста да е прикажана во бројки, во истражувањето објавено во списанието на на Американскиот институт за канцер.

– Кај околу 18 на 1.000 жени се развива рак на јајниците, но опасноста расте на 58 жени од 1.000 кај оние кои ја имаат таа аномалија, се вели во соопштението на британските експерти кои го спроведоа тоа истражување.

Тежок за дијагностицирање затоа што симптомите се појавуваат во напреден стадиум на болеста, а можат и да се препишат и други патологии (замор, надуеност, стомачна или карлична болка), ракoт на јајници е најсмртоносен меѓу гинеколошките карциноми.

Според Светската здравствена организација, ракот на јајници е причина за околу 150.000 смртни случаи секоја година во светот.

Поврзани вести

Back to top button