МакедонијаРелигија

Осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“ во Општина Илинден

Во Општина Илинден  во присуство на голем број верници беше осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“. По тој повод се одржа заедничка Архиерејска литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители.

Како што соопшти Општина Илинден, на архиерејската литургија на новоизградениот црковен храм присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на кој Архиепископот г.г. Стефан му додели Одличие за особен придонес во изградбата на овој црковен храм.

Голем придонес во изградбата на оваа црква даде формираниот Одбор за изградба, кој изминатите години успеа да обезбеди донатори, за денес овој црковен храм изгледа како што имаме можност да го видиме. Како донатори се јавуваат месното население и околните населени места, локалната самоуправа, локалната бизнис заедница како и МПЦ-ОА, се наведува во соопштението.

Од Општината додаваат дека изградбата на оваа црква е почната на 9 јуни 2012 година, кога беше и поставен камен темелник од страна на г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.

Новоизградениот црковен храм се простира на површина од 400 метри квадратни и висина од 22 метри, дополнуваат од Општината во соопштението.

Поврзани вести

Back to top button