Oсудa за сквернавењето на христијанските гробишта во Скопје
Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи преку соопштение најостро го осуди вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник.
Од Комисијата изразуваат сочувство до семејствата, чии најмили почиваат на овие гробишта и го споделуваат немирот и револтот по овој нечовечки акт.
Комисијата за односи со верските заедници упатува јавен апел до органите на прогонот да ги преземат сите потребни дејствија за поскоро откривање на сторителите, за истите да бидат најостро санкционирани од правосудните органи. Изразуваме задоволство од реакцијата на АД Бутел, кое како одговорно правно лице најавува санирање на сите штети врз 62-та гроба на свој трошок, како и од најавата која ја добивме од градоначалникот на Општина Гази Баба дека ќе се преземат работи за поставување на видео надзор кој би превенирал повторување на кривичното дело, стои во соопштението.