Свет

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави унгарскиот премиер, Виктор Орбан. Според него, европските бирократи не сакаат да ја спречат миграцијата, туку сакаат да управуваат со неа, пренесе АП.

„Не е исправно што сакаат од нас да го одземат правото на заштита на границите и тоа што Брисел сака да диригира со одбраната на унгарските граници. Нашите граници ги бранат не само професионалци туку и патриоти“, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер ја цитира изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел во која таа порача дека државите членки на ЕУ мора да отстапат од одделни национални права на Фронтекс.

„Нашата позиција за проблемот е јасна, нашата татковина не е ниту премин ниту прифатен камп. Ако сакавме да се мешаме со други култури и цивилизации, тогаш за тоа ќе се консултиравме и ќе одлучевме. Но, јас би му порачал на унгарскиот народ да не прифаќа вакви идеи“, рекол Орбан.

Поврзани вести

Back to top button