Македонија

Општина Чаир отвори читална во служба на граѓаните и посебно на младите во Чаир

Oпштина Чаир отвори читална во служба на граѓаните и посебно на младите во Чаир.

Знаејќи ја важноста на книгата во животот на човекот и посебна големата потреба за нивно читање, Општина Чаир отвори нова читална во служба на граѓаните и посебно на младите за да ја ставиме книгата во епицентарот на општественото внимание.

Овој прекрасен амбиент, каде секој ќе може да ужива во читањето на книгите, нека биде инспирација за да ја зголемиме љубовта кон книгите на нашите млади и да го стимулираме нивното дружење во амбиент на вредности. Читалната се наоѓа во зградата наспроти Поштата во Чаир на улица Џон Кенеди со влез од другата страна на зградата.

Проектот на читалната го поддржа и претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети и Министерот за Образование и Наука Арбер Адеми, со кои денес градоначалникот Висар Ганиу официјално ги отвори нејзините врати.

Поврзани вести

Back to top button