Свет

Операција „Нинџа желка“: Уапсени над 2 илјади педофили

Повеќе од 2.200 педофили се разоткриени ширум светот во текот на неколку години благодарение на операцијата „Нинџа желка“. Швајцарската полиција вчера објави дека тајно ја започнала операцијата на Интернет во 2012 година.

Полицијата потоа добила информација дека лице кое живее во кантонот Аргау дистрибуирало „нелегален порнографски материјал“ под псевдонимот „Нинџа желка“ преку платформа која овозможува анонимна размена на податоци.

Истата година истрагата доведе до апсење на човекот кој стои зад прекарот „Нинџа желка“. Станува збор за 62-годишен Германец кој бил осуден во 2015 година, се наведува во соопштението на кантоналната полиција Аргау.

Швајцарската полиција тогаш решила да го искористи неговиот профил за да разоткрие други педофили.

– Тајната операција спроведувана на Интернет неколку години заврши со успех, разоткриени се повеќе од 2.200 педофили, соопшти швајцарската полиција.

Апсења се извршени во Швајцарија, Хрватска, Бразил, Франција, Перу, Романија и Шпанија, се додава во соопштението.

Поврзани вести

Back to top button