Живот

Опасна по живот, отпорна на антибиотици – Оваа бактерија секојдневно ја носиме дома

Голем број луѓе не знаат дека ѓонот на чевлите може да содржи штетни бактерии што би можеле да бидат опасни по животот.

Оваа опасна бактерија се нарекува Клостридиум дифициле.

Неодамнешната студија спроведена од страна на научниците од Универзитетот во Хјустон, го откри присуството на оваа бактерија на секој втор куќен праг, а освен тоа 39 отсто од ѓоновите на чевли ја содржат истата бактерија.

cevli

Оваа бактерија тешко се лекува затоа што со текот на времето станала отпорна на антибиотици.

Најлошото нешто што може да го предизвика е воспаление на дебелото црево, што може да биде опасно по живот.

Всушност, процентот на смртноста со Клостридиум дифициле се движи од 7 до 48 отсто, се наведува во студијата, објавено во Аналите на интерната медицина.

Поврзани вести

Back to top button