Одбележана годишнината од смртта на загинувањето бранителот Атанас Јанев
Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2011 година во Струмица беше одбележана 17 – годишнината од загинувањето на Атанас Јанев.
На денешен ден во 2001 година во операцијата за ослободување на селото Арачиново загина струмичанецот Јанев, заедно со уште двајца негови колеги од полицијата.
За ликот и делото на загинатиот бранител зборуваше началникот на СВР Струмица, Танчко Пројковски, самиот учесник во борбите за ослободување на Арачиново.
– Годиите минуваат, но секоја наредна не враќа на преживеаното и остава печат на споменот за вас. Споменот на овој млад одземен живот не смееме да го заборавиме, нити ние, ниту генерациите по нас и со гордост да се сеќаваме на Атанас Јанев, кој го даде животот за одбрана на нашата татковина, рече началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски во обраќањето пред присутните на одбележувањето на 17 – годишнината од загинувањето на бранителот Атанас Јанев.
Пред споменикот на загинатите бранители цвеќе положија членови на семејството Јаневи, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица, претставници на полицијата и други организации и институции.