Од хрватските училишта исфрлени биологија, историја, географија, ама остана веронауката
Ученици на одделни тригодишни средни училишта во Хрватска каде што оваа година почна да се применува таканаречената дуална програма веќе нема да учат биологија, историја и географија. Станува збор за училишта каде што се учи за занимања како продавач, козметичар, оџачар и стаклар. Но, во план е дуалната програма за две години да се примени во сите струни училишта во Хрватска.
За оваа измена професорите во училиштата дознале во крајот на септември.
Иако овие три важни предмети се исфрлаат од настава, интересно е што на пример останува веронауката како предмет во тригодишното образование.
Според концептот на дуалната програма, во тригодишните средни стручни училишта во Хрватска остануваат мајчиниот јазик, математика, информатика, странски јазик, но и изборниот предмет – веронаука.