Свет

Oбјавeна снимка од убиство на Афроамериканец

Полицијата од Минеаполис објави снимка од убиство на Афроамериканец што се случило на 23 јули во северниот дел на градот.

На него се гледа како двајца полицајци, идентификувани како Џастин Шмит и Рајан Кели, трчаат по Афроамероканец, 31-годишниот Турман Блевинс, а во еден момент кон него истрелаа повеќе куршуми, додека тој им беше свртен со грб.

„Застани, застани веднаш, раце горе, ќе пукам“, вели еден од полицајците на видеото.

„Што? Дај човеку, ништо не направив“, вика кон полицајците Блевинс, и натаму трчајќи. Тој ги моли полицајците да не пукаат.

Истовремено, еден полицаец вика дека Блевинс е вооружен, а потерата продолжува. По една минута, двајцата полицајци испукаа повеќе куршуми кон Блевинс, коj паѓа на земја и умира.

Убиството предизвика бран протести во Минеаполис. Локалните жители тврдат дека Блевинс бил невооружен и дека имал само едно шише со вода во раката, што е видливо и на видеото. Од друга страна, шефот на полицијата го опиша убиството како чин на хероизам.

Во тек е истрага за целиот случај.

Поврзани вести

Back to top button