Македонија
Новинарот Реџеп Ќамили нападнат во зградата на МРТВ
Ќамили на својот Фејсбук профил објави фоторграфии со гребаници на телото, што, како што тврди, се последица на нападот.
Како што изјави за МИА, по нападот бил на преглед на Ургентниот центар на скопските клиники.
Не му е позната, вели, причината за нападот.
Случајот, информираше, го пријавил и во полицијата, каде е направен записник.
– Ќе ангажирам адвокат и ќе барам институционална разрешница – најави Ќамили.
Од уредништвото на вториот програмски сервис на телевизијата не го коментираа инцидентот.