ЖивотТоп

Новак продолжува да ја менува историјата на тенисот, собори уште еден нереален рекорд, за Србинот само небето е граница!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето деветто финале на Вимблдон. Новак на тој начин продолжи да ја пишува историјата на тенисот.

Имено, ова за Ѓоковиќ ќе биде 36. Грен слем финале, а никој нема повеќе од него и во машка и во женска конкуренција.

Уште пред успехот во Лондон, Ѓоковиќ беше убедливо прв меѓу мажите пред Роџер Федерер, но до денес го делеше првото место со легендарниот Крис Еверт, кој има 35 Грен слем финалиња.

Тоа беше и негова 27 последователна победа на Грен слем турнирите, серија што започна на минатогодишниот Вимблдон. Подолга серија имаат само Род Лејвер (АО 1969 – Вимблдон 1970) и самиот Ѓоковиќ (Вимблдон 2015 – Вимблдон 2016).

Поврзани вести

Back to top button