Македонија

НОВА дознава: Детали за бегството на Игор Спасов од КПД Идризово

Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски, синоќа го напуштил затворот Идризово. Не се знае колку време Спасов бил надвор од затворот. Се вратил сам во 1 часот и 50 минути – потврдија за НОВА од Управата за извршување на санкции кои денеска беа во надзор во затворот.

Неколкучасовното бегство на Спасов го пријавиле затворските чувари на полноќ, кога виделе дека Спасов не е во својата ќелија. Час и половина подоцна, Спасов се вратил во затворот. Против него е поднесена дсициплинска постапка и тој е преместен во самица.

Директорот на Идризово, Антонио Димов, цел ден не се јавувал на телефонските повици на НОВА, пренесува медиумот. Според нивните информации, тој и неговиот заменик денеска воопшто не биле во затворот. И од Управата за извршување на санкции велат дека не успеале да контактираат со нив.

Спасов бил сместен во отвореното одделение на Идризово, иако издржува затворска казна од 14 години.

Од Управата за извршување на санкции денеска не сакаа за НОВА да коментираат дали Спасов смеел и зошто воопшто бил префрлен во отвореното одделение. Оттаму велат дека најпрво ќе го почекаат официјалниот извештај на директорот, пред да соопштат каде ја лоцираат одговорноста за бегството на Спасов од затвор, за што евентуално би дал препораки во кого точно лежи вината- дали во чуварите на затворот или пак во раководниот кадар на затворот.

Извор: NOVA.MK

Поврзани вести

Back to top button