Македонија
Нов инцидент во автобус со број 74, интервенираше полиција
Нов инцидент во автобус со број 74 вечерва регистрираше екипа на 4NEWS.mk
Според информациите, дошло до физичка пресметка меѓу група на патници во автобусот.
Веднаш возачот го стопирал автобусот на постојка по што била повикана полиција која пристигнала за брзо време.
Нејасни се причините за инцидентот, ниту дали има повредени патници.
Ова не е прв пат на оваа линија да се случат инциденти.