Свет
Норвешка е првата европска земја што објави дека вирусот го ставила под контрола
Норвешка ја стави под контрола епидемијата на Ковид-19, објави вчера норвешкиот министер за здравство, пишува „Ројтерс“, а пренесува хрватски „Јутарњи лист“.
Причина за оваа значајна објава е што Норвешка преносливоста на вирусот ја намалила од 2,5 на 0,7, а целта на норешките власти била таа да се намали под еден. Сепак, мерките за сузбивање на вирусот во таа скандинавска земја ќе продолжат.
Досега во Норвешка се регистрирани 7.560 луѓе позитивни на коронавирусот, од кои 74 починале. Вкупно биле тестирани 111.000 граѓани.