Свет

Нигериец фатен со речиси килограм дрога во стомакот

Маж од Нигерија бил приведен на аеродромот „Франц Лист“ во Будимпешта, откако бил фатен во обид да прошверцува скоро еден килограм кокаин и хероин во неговото тело.

Поради сомнителното однесување, на човекот му било наредено да помине преку СТ – скенер, кој открил дека во неговиот стомак има околу 50 пакувања со дрога, пренесуваат тамошните медиуми.

Подоцна било утврдено дека човекот се обидел да прошверцува над 810 грама кокаин и 66 грама хероин, потврдија надлежните органи.

Поврзани вести

Back to top button