Македонија
Невреме во прилепско, поплавени Лажани, Дебреште и Житоше
Центарот за управување со кризи информира дека попладнево Општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани биле зафатени од поројни дождови што предизвикале поплавување на повеке населени места од единицата на локална самоуправа ЕЛС (опшината) Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше.
Најкритично е во с. Лажани каде што поголем дел од селото е под вода.
Водата има навлезено во куќите.
За состојбата со поплавите е запознаен и градоначалникот на Општина Долнени, ДЗС Прилеп и Полициска станица ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС (општината) немаат побарано помош од ЦУК.