Нема новогодишни светилки во домот на 15 годишниот Филип, струјата е исклучена, учи на свеќа
Ова е собата во која на свеќа учи 15 годишниот Филип Ангеловски, оти поради долг од 50 илјади денари струјата во неговиот дом е исклучена. Од срам од другарчињата не сакаше да се појави пред камерите на Телма, ама неговата баба не издржа. Не може повеќе да ги гледа страдањата на внукот а не може да му помогне.
Најмногу ја погодува што празниците доаѓаат а тој ќе ги помине во мрак. Во 20 тина квадрати во бараката во скопска Железара живее четири членото семејство. Пред пет години изгорела во пожар кој го предизвикал соседот. Никој не им помогнал на Ангеловски па Лепа морала да земе кредит за да ја обнови. Нејзините две ќерки завршиле факултет ама никако не можат да се вработат.
Првата е самохрана мајка на Филип ама не добива никаква помош од државата. Таткото пак со години не плаќа алиментација за детето. Втората е бранител од 2001 ва со завршено одбрана ама исто така и за неа сега нема место во армијата.
Повеќе на ТЕЛМА