Свет

„Не сакам луксуз“; Мексиканскиот претседател со часови чекаше комерцијален лет

Новоизбраниот мексикански претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, не се откажува од идејата да го продаде претседателскиот авион дури и откако синоќа, за едно со останатите патници, помина цели три часа чекајќи лет на редовната линија. Авионот на релација Оаксака – Мексико Сити не можеше да полета на време заради невреме и обилни врнежи, пренесува Би-Би-Си.

„Не сакам претседателски авион. Навистина би било срамота да уживам во луксузниот лет додека насекаде околу мене владее сиромаштија. Нема да се премислам, завршено е со ароганцијата, ниту еден политичар кој што се однесува арогантно нема да остане“, порача претседателот од седиштето на редовната линија.

Лидерот на мексиканската левица, Обрадор, изборите ги доби во јули, а во претседателскиот кабинет ќе седне во декември. За да ги намали трошоците вети дека ќе го продаде луксузниот претседателски „Боинг 787 – дримлајнер“, вреден скоро 220 милиони долари, а кој го користеше досегашниот мексикански претседател, Фелипе Калдерон.

Покрај продажба на авионот, новиот мексикански лидер најави и дека претседателската палата ќе ја претвори во културен центар и оти ќе живее во поскромен простор. Тој се заложи за интензивирање на борбата против корупцијата и рече дека ќе си ја намали платата.

Поврзани вести

Back to top button