ЖивотТоп

Не пиете вода штом отворите очи? Променете ја таа навика и ослободете се од овие 5 тегоби без лекови

Секој има поинаква рутина кога ќе се разбуди, но тоа кај повеќето луѓе се сведува на: проверка на социјалните мрежи, станување од креветот, миење и пиење на првото утринско кафе.

Она што многу луѓе го забораваат во целиот тој процес е да испијат барем една чаша вода која има огромно влијание на сите процеси во нашето тело и на тоа како ќе се чувствуваме подоцна во текот на денот.

Дури и ако пиете доволно вода во текот на денот, треба да водите сметка за тој утрински внес на оваа драгоцена течност. Најмногу вода, нашиот организам губи за време на спиењето, особено кај луѓето кои ‘рчат или дишат на уста. За да не дојде до преголемо губење на хидратацијата, нашето тело го лачи хормонот вазопресин кој служи за задржување на водата во текот на спиењето, но истиот се лачи во подоцнежната фаза на спиењето. Тоа значи дека ако не спиете доволно, наутро ќе бидете уште подехидрирани и тоа е само причина повеќе зошто треба најпрвин да се „фатите“ за чашата вода, а не за шолјата кафе.

А еве кои се останатите корисни ефекти на пиењето вода наутро:

Го подобрува метаболизмот
Истражувањата покажуваат дека ако наутро испиете барем една чаша вода, можете да го убрзате својот метаболизам дури до 30%. Водата на празен стомак помага и при варењето на храната, а ако не ви е забавно да пиете само вода, можете во неа да додадете малку мелен ѓумбир или цимет.

Спречува создавање на камен во бубрезите
Најголемото влијание во спречување на камен во бубрезите има редовното внесување на вода во текот на целиот ден, а чаша вода наутро помага во разредување на супстанцата во урината која предизвикува појава на камен. Тоа можете да го потпомогнете и со додавање една кришка лимон во водата.

Спречува главоболка
Една од главните причини за главоболка е дехидратацијата на телото, а за да го спречите тоа, треба да почнете да работите од рано утро. Размислувајте за водата како лек против главоболка кој го пиете во текот на целиот ден, почнувајќи откако ќе се разбудите.

Ги исфрла токсините
Mеѓу причините зошто е важно да се внесува доволно вода е затоа што хидрираниот организам во себе има помалку токсини. Зголемениот внес на вода значи повеќе заминувања во тоалет, а тоа значи исфрлање на повеќе токсини од организмот. Едноставно звучи, но лесно може да се заборави.

Ја намалува жиговината
Ако имате проблем со жиговина во текот на ноќта, чаша вода кога ќе станете ќе ја прочисти останатата киселина која ви се наоѓа во цревата и помеѓу забите и ќе ви го намали она препознатливо непријатно чувство.

Поврзани вести

Back to top button