„Не ми дозволуваа да се омажам за Италијанец“ – вели ќерката обвинета за тројното убиство во Дебар
Блерет Поцета, ќерката на убиениот брачен пар и сестра на убиеното девојче кои беа најдени мртви во куќа во Дебар признава дека е организатор на нивната ликвидација.
„Не ми дозволија да се омажам за Италијанците”, кажала Блерта пред полицијата оправдувајќи го но и не признавајќи дека го убила семејството во Дебар. Таа признала дека е организатор на ликвидацијата, но не и убиец, открива венсикот на албански јазик KOHA.
Според првичните сознанија на истрагата 28-годишниот Блерта Поцета го организира убиството на таткото, мајката и 13 -годишната сестра, но тврди дека не пукала лично.
Сепак, во куќата полициската форензика открила само нејзини траги, но не и од други лица, па сè уште не е исклучена можноста и таа да учествувала во убиството.
Пиштолот со кој биле убиени бил купен од Ферди Г, момче од Гостивар. Според информациите од италијанската полција таа користела наркотични дроги и во Италија била заведена како нарко зависник.
Повеќе детали во најновиот број на весникот KOHA.