ЖивотЗдравјеТоп

Научниците развија човечки бубрег од ембрион на свиња

Научници од институт во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од ембрион на свиња, што го отвори патот за производство на органи за донација. Тимот предводен од Лиангсуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание Матични клетки.

Нивната работа зависела од исклучување на дел од гените во ембрионите со помош на алатка која се опишува како генетски ножици.

Тоа значи дека ембрионите не развиле свински бубрег и дека е формирана празнина во која т.н. плурипотентни човечки матични клетки од папочната врвца.

Вака развиените бубрези содржеле повеќе од една третина од свински клетки, што може да доведе до отфрлање во случај на трансплантација, велат научниците кои нагласуваат дека процедурата допрва треба да се подобри.

Поврзани вести

Back to top button