Живот

Научници употребуваат клетки од жаби за да ги создадат првите живи роботи (ВИДЕО)

Американските истражувачи ги создадоа првите живи машини преку соединување на клетки од вид на афрички жаби. Од клетките на жабите се создаваат  мали роботи кои користат своја енергија за движење. Најуспешното суштество има две трапави ножиња кои излегуваат од малото телце.

„Ова е потполно нова животна форма. Овие суштества никогаш претходно не живееле на Земјата. Тие се живи, програмирани организми“ – изјавил Мајкл Левин, директор на центарот за откритија при Универзитетот „Туфц“ во Масачусетс.

Роботчињата се хранат со метал и пластика за да ја одржат нивната сила и издржливост, а Левин и неговите колеги гледаат голем бенефит во правењето на роботи од ваков тип. Кога роботчињата ќе се повредат, тие лесно заздравуваат, а кога ќе ја исполнат својата задача тие се распаѓаат, исто како и природните организми.

Уникатните карактеристики на роботчињата се важни бидејќи во иднина можат да служат за чистење на микропластиките во океаните, да лоцираат и дигестираат токсични материјали, да испорачуваат лекови во телата на пациентите и да отстрануваат штетности од ѕидовите на артериите, велат научниците.

„Невозможно е да се знае за што овие суштества ќе може да послужат со новата технологија, па останува само да погодуваме“ – истакнал Џошуа Бонгард, реномиран истражувач на Универзитот во Вермонт.

Роботите, кои се пократки од еден милиметар, се дизајнирани од еволутивен алгоритам што работи на суперкомпјутер. Алгоритмот започнува со генерирање на случајни 3D конфигурации од 500 до 1.000 клетки на кожата и срцето. Секое роботче виртуелно се тестира, за да се види колку многу ќе може да се движи додека отчукуваат срцевите клетки. Најуспешните роботчиња се користат за да се создадат нивни копии.

Бидејќи срцевите клетки спонтано се грчат и опуштаат, служат како минијатурни мотори кои ги придвижуваат малите роботи додека не им се потроши енергијата. Клетките имаат доволно енергија за роботчињата да преживеат од седум до десет дена пред да изгаснат.

Научниците чекале компјутерот да произведе сто генерации од роботчињата за да изберат неколку кои понатаму ќе се усовршат. Тие користеле пинцети и слични алатки за да измоделираат срцеви и кожни клетки во рана фаза од ембрионите на афричките жаби, Xenopus laevis. Изворот на клетките довело до името на роботчињата, кои научниците ги нарекуваат „ксеноботс“.

Научниците опишале дека оставени во садови со вода, дел од „ксеноботите“ се движеле по права линија, додека дел од нив кружеле или пак се соединувале со другите организми.

„Овие суштества се многу мали, но крајната цел е тие да се развиваат“ – истакнал Левин. Понатаму, „ксеноботите“ можат да се изградат со крвни садови, нервни системи и сензорни клетки. Бидејќи тие се создадени од клетки на цицачи, во иднина „ксеноботите“ би можеле да се движат по почвата.

Сем Кригман, докторанд кој е дел од тимот истражувачи во Вермонт, признава дека создавањето на новата животна форма покренува етички прашања, бидејќи во иднина „ксеноботите“ би можеле да имаат нервни системи, а оттаму и когнитивна способност, што би ги направило поактивни ученици во светот. „Важно за мене е тоа што ова создавање е јавно, па така, сите можеме да учествуваме во дискусијата како општество и како креатори на политиките, да одлучиме кој е најдобриот развој на оваа ситуација.

Но, овој процес цели кон поголем успех од создавање на трапави роботчиња. „Целта е да го разбереме „софтверот“ на животот. Ако размислиме за вродените аномалии, канцерот, болестите кои се појавуваат со староста… Сите овие работи би се решиле ако знаеме како да направиме биолошки структури, ако знаеме како да имаме контрола врз растот и формата“ – истакнал Левин.

Извор: Guardian

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button