СветТоп

Над 8.400 Албанци добија бугарски пасош

Од почетокот на 2015 година до јули минатата година, 8.474 Албанци добиле одобрение за нивните барања за бугарско потекло. Албанските државјани се на петтото место меѓу странците што аплицирале за бугарски пасош. Пред нив се Македонија, Украина, Молдавија и Србија, соопштуваат од Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ).

Во периодот 2015 – 2020 година бугарски пасош добиле 2.622 Албанци, што може да се види од извештаите на претседателството што ги издава уредбите за државјанство. Сепак, треба да се има предвид дека постапката бара време и веројатно некои од оние што ја добиле потврдата за бугарско потекло сѐ уште не ја искористиле за да добијат државјанство.

Во ДАБЧ беа констатирани недоследности, меѓутоа сега агенцијата работи педантно, по строго одредена законска процедура. Во 2014 година, инспекција на Врховното административно обвинителство утврди дека ДАБЧ доделува потврди за бугарско потекло со прекршување на законот.

Така, стотици лица со недокажано бугарско потекло, претежно од Македонија, Албанија и Косово, со натурализација станаа бугарски државјани, заобиколувајќи ја комплицираната процедура. Обвинителството беше проверувано двапати и од Министерството за правда за ова прашање. Првиот пат беше на крајот на 2013 година, од тогашниот заменик-министер за правда Илија Ангелов.

Случајно избрани 810 досиеја беа проверени во ДАБЧ за периодот 2011 – 2013 година, на кои им е издадена потврда за бугарско потекло. Во 717 од нив, што е 88,5 отсто, тврдењето на подносителите дека имаат бугарско потекло не било поткрепено со документи. Во досиејата има само пријава и изјава за бугарска национална свест и потекло. Агенцијата како основа за издадените потврди ги претстави книгите „Не заблудата, туку лагата за Гагаузите“, „Бугарите во Албанија и Косово“ и други.

За некои, членството во организации како „Бугарите во Албанија“ е признаено како доказ за бугарско потекло. Според податоците на Министерството за правда од истата 2014 година, од последните 8.000 потврди за потекло издадени од агенцијата, само 1.300 имаат документи што го докажуваат тоа.

Поврзани вести

Back to top button