Македонија
На Табановце откриено мито, цариници уапсени со речиси 2.000 евра
Кумановската полиција утрово околу 3 часот приведе двајца цариници поради поткуп.
Случајот го пријавил оштетениот кој дал поткуп додека влегувал утрово во Македонија преку граничниот премин Табановце. По пријавата, полицајци од отсекот за економски криминалитет излегле на терен и направиле претрес во службените простории на Царинската управа на Табановце. Ги претресле и двајцата службеници, едниот од село Отиља, другиот од Куманово.
При претресите 1.670 евра и 190 швајцарски франци.
Царинските службеници се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.