Македонија

На Плаошник богослужба за празникот Св.апостол Тимотеј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 3-ти февруари, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“-Плаошник, со почеток во 16 часот, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот Свети апостол Тимотеј, именден на Митрополит Тимотеј. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 4-ти февруари, сабота, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“-Плаошник(едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Поврзани вести

Back to top button