Македонија

НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ СЕ УРИВААТ ДИВОГРАДБИ, ВО СТРУГА НА ПЛАЖИТЕ СЕ ЧЕКААТ ГОСТИ

И денеска со засилена полициска асистенција багерите немилосрдно ги рушеа шанковите па дури ги корнеа и бегатонските плочки на плажата Горица 3. До темел срушена е уште една од најатрактивните плажи на крајбрежјето, а утре машините ќе продолжат и кон Лагадин, пренесува 24.mk

Револтот кај газдите кои со години имаат инвестирано на плажите е голем. Од МВР информираат дека вчера еден од сопствениците на објектите на плажата бил приведен поради тоа што изразил револт и пружил отпор пред инспекторите кои ја предводат акцијата.

Поради ризик од инциденти и во следните денови акцијата ќе биде  строго контролирана од полицијата. Скоро сите газди на кои им ги срушија објектите сметаат дека уривањето е селективно, а штетата која се прави сега пред сезона велат е огромна.

Но, од Агенцијата за туризам исто како и власта се на ставот дека не постои погоден тајминг за рушење, се што го загрозува природното наследство треба да се отстрани час поскоро.

Засега рушењето се спроведува само на охридското крајбрежје. Иако и струшкото е во иста ако не и полоша состојба кога станува збор за дивите градби на плажите.

Од општина Струга остануваат на ставот дека нема да дозволат рушење и дека апсолутно застануваат на страна на концесионерите.

Инаку рушењето во Охрид започна во понеделникот од плажите на потегот Св. Стефан.Се „чистат’’ сите дивоизградени цврсти објекти и урбана опрема кои не влегуваат во ГУП- от. Општината распиша и нов тендер од 4,5 ипол милиони денари со цел да се исчисти целото крајбрежје од дивите градби.

извор: 24.mk

Поврзани вести

Back to top button