Македонија

На денешен ден загинува капетанот Љупчо Мирчовски

На денешен ден (28.03.2001) кај селото Рамно, Танушевци, загинува капетанот Љупчо Мирчовски (†36) при налет на нагазна мина, поставена од страна на терористите од УЧК. Низ векови македонските синови од Малешевијата се познати војводи и патриоти.

Современо тоа го потврдува корпулентниот и храбар Љупчо Мирчовски, кои веруваше дека најмногу ќе постигне ако се стави во служба на својот народ. роден на 19 октомври 1964 година во с. Русиново, Берово. Завршил воена академија во Белград 1987 година.

Прво вработување во ЈНА во Загреб, потоа Приштина, а од 1 април 1992 година во АРМ во Скопје. Стаса до чинот капетан прва класа во хиерархијата на АРМ. Мирчовски беше Командант на Воената полиција кој на 28 март 2001 година бил извикан од состанок во корава соба во Генералштабот, а бил и со тогашниот Претседател на Р. Македонија Борис Трајковски пред Генералштабот пред да тргне, каде било одлучено токму тој да појде веднаш на Скопска Црна Гора – Рамно.

Командантот на Воената полиција Љупчо со група војници каде се упатил со војнички „пух“ и точно во 17 часот и 15 минути возилото на патот на Рамно нагазува на против тенковска мина поставена од страна на терористите на УЧК. На лице место животот го загубува капетанот Љупчо Мирчовски, додека останатите војници биле само повредени. Во вечна црнина и тага Љупчо го остави своето семејство сопругата Надица и двете ќерки, како и родителите во Беровско каде е и неговиот вечен дом ВЕЧНА ТИ СЛАВА КАПЕТАНЕ!

Поврзани вести

Back to top button