Македонија
На автопатот Велес-Скопје запленета дрога вредна над 250.000 евра
Во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, при што е пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра.
Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец.
Од МВР потврдуваат дека во тек полициска акција, а детали најавуваат за утрешниот ден, по завршување на акцијата.