Македонија
МВР со детали за пукањето во „Александар палас“, нема повредени
Ноќеска, половина час по полноќ, пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар палас во Скопје, а во инцидентот, според МВР, нема повредени лица.
Според информацијата од МВР, додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.
Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале.
Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.