Свет

Муслимански сточари масакрирале 120 нигериски христијани што се враќале од погреб

Муслимански сточари од племето Фулани викендот масакрирале околу 120 христијани во централна Нигерија, од кои повеќето се враќале од погребот на таткото на еден локален христијански свештеник, пренесува „Брејтбарт“.

Во нападот што траел неколку часа, тешко вооружените напаѓачи отвориле оган врз жителите на неколку села во државата Плато, при што загинаа 120, а беа повредени повеќе од 200 луѓе. Напаѓачите до темел запалиле и околу 50 куќи. Пасторот задолжен за Христовата црквата во нациите (COCIN), Пам Чалом, вели дека повеќето од убиените во нападот биле христијански верници.

„Сточарите ги нападнаа нашите верници кои присуствуваа на погребот на таткото на еден од нашите свештеници, Баба Јакава. Вооружените лица нападнаа и убија 34 лица од селото Некан, 39 од Куфанг и 47 лица од селото Рук”, рече пасторот Чалом, додавајќи дека покојниот бил посветен член на црквата, па неговиот погреб имало многу народ.

Еден очевидец на нападот, Масара Ким, кој успеал да избега од нападот,вели дека напаѓачите отвориле оган кон конвојот верници и куршумите го погодиле возило во кое патувал, повредувајќи едно лице. Нападот, опишан како масакр врз 11 села, почнал околу еден часот напладне во саботата и траел до осум часот вечерта. Во неделата, полицијата преброила86 тела, но во межувреме бројот на жртви се зголемил на 120.

Мејнстрим медиумите како Си-ен-ен кои известуваа за настанот ја прикрија религиската природа на нападот и индетитетот на напаѓачите, површно опишувајќи го инцидентот како пример за етнички тензии. Франс Прес извести дека убиствата се најновиот инцидент во долгата „ботба за земја и ресурси“, а Асошиетед Прес отиде дотаму што го поврза нападот со климатските промени, наведувајќи дека сточарите во Северна Африка се принудени да одат на југ во понаселените фармерски заедници во потрага по пасишта.

Во меѓувреме, претставник на муслиманските сточари ги обвини христијаните за нападот, велејќи дека пукањето било чин на одмазда откако локалните селани убиле 300 крави во последните неколку недели.

Поврзани вести

Back to top button