МакедонијаТоп

МППС: Најбогатите скопјани се најголемите загадувачи

Најбогатите скопјани најмногу го загадуваат воздухот, без да размислуваат како тоа влијае на животната средина, се греат на начин кој за нив е најдобар а не најеколошки. Најсиромашните, пак, имаат највисоко ниво на еко практики и однесувања и најмногу штедат струја и вода, покажало последното истражување на Македонската платформа против сиромаштија. Тие го загадуваат воздухот само зимно време бидејќи за греење користат меѓу другото гуми и пластика оти немаат пари да си купат дрва или воопшто немаат пари за си обезбедат шпорет за греење. Средната категорија на семејства, пак обично користат централно градско парно за затоплување на домот, ама повеќе трошат струја и вода.

Разликите се многу големи и во однесувањето за потрошувањето спрема потрошувачката на енергија, меѓутоа се огромни во однос на можностите и изборите кои тие ги имаат. Ние во таа анализа се водевме по методот „COM-B“, можности, мотивација и избор, и од тука заклучивме дека она што сега се случува и сега го имаме како мерки за намалување на загадувањето не се доволни бидејќи не ја таргетираат целата популација туку само еден дел од неа може да ги искористат мерките вели Билјана Дуковска- Претседателка на Македонската платформа против сиромаштија.

Поврзани вести

Back to top button