Можно е „Рајската палата“да падне во Македонија
Вселенската станица „Tiangong-1″, тешка 8,5 тони го забрзува своето неконтролирано паѓање, а нејзиниот контакт со Земјата се очекува меѓу 24 март и 19 април.
Според некои како места за можен пад се наведуваат Франција, Шпанија и Португалија, а според други пресметки некаде во земјите од Балканот.
“Tiangong” (во превод значи Рајска палата) пратена е во Земјината орбита во 2011 година. Станицата е користена за мисии без посада и со неа, а во историјата влезе како место на прва вселенска мисија на една жена од Кина.
Владата во пекинг лани соопшти дека ја изгубиле комуникацијата со станицата и дека таа ќе падне на Земјата.
Се смета дека нејзиниот поголем дел ќе согори во атмосферата, но дека делови тешки и до 100 кг сепак ќе паднат на Земјата.
Шаните некој да убијат при падот се мали, но Пекинг ќе ги извести Обединетите нации кога конечно ќе почне да паѓа.