Свет

Монархот на Кувајт го отпушти својот син од Владата

Владетелот на Кувајт, емирот Сабах ал-Ахмад ал-Сабах, денеска го разреши неговиот син и уште еден министер во владата по нивните јавни меѓусебни обвинувања за корупција и му нареди на премиерот да состави нова влада.

Емирот Сабах тоа го нареди само неколку дена откако Владата поднесе оставка поради истрага во друг случај. Премиерот Џабер ал-Мубарак ал Сабах, кој е на функцијата од 2011 година, побара од шефот на државата да го ослободи од должноста за формирање нова влада.

Монархот го отпушти и неговиот син Насер ал-Сабах, министер за одбрана и министерот за внатрешни работи Халед ал Сабах, кои јавно меѓусебно се обвинија. Насер ал Сабах изјави дека открил оти биле проневерени 790 милиони американски долари во времето кога сегашниот министер за внатрешни работи бил министер за одбрана.

 

Поврзани вести

Back to top button