Македонија

Мојсовска: Двете големи партии се толку заглавени во криминал и корупција и не можат да ја разрешат корупцијата која е рак рана

Нашата програма е позната, особено е битна нашата антикорупциска платформа која предвидува Закон за потекло на имот чија цел е да се исчешла богатството на сите функционери од почетокот на независноста. Ние предвидуваме и измена на Кривичниот заменик во таа смисла со која се предвидува незастарување на кривични дела на функционери. Исто така, инсистираме на ослободување на правосудството од стегите и да се воведат нови критериуми за избор на судии вклучително и уставни судии, вели Јована Мојсоска од Левица, носител на листа во ИЕ5, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Двете големи партии се толку заглавени во криминал и корупција и не можат да ја разрешат корупцијата која е рак рана во Македонија. Левица има поднесено и во Собранието Резолуција на македонските интереси со цел да се постават цревени линии против уцени однатре и однадвор, но тогашниот спикер не го стави на дневен ред, вели Мојсоска.

За насилството во Собранието, Мојсоска вели дека тоа било нужно за заштира на волјата на гласачите кои ги избрале пратениците на Левица.

Поврзани вести

Back to top button