Македонија

МНТ прокиснува, директорот Дац бара помош за да не се поплави

Д. директорот на Македонскиот народен театар (МНТ), Драган Спасов – Дац на својот Фејсбук профил објавува фотографии направени од театарот, а на кои се гледа Вардар кој се излеа на неколку места.

„Ставајте кај МНТ!“ напиша Дац на една од сликите мислејќи на вреќи со песок кои се поставуваат попладнево, за да не се поплават новоизградените објекти блиску до реката во центарот на Скопје.

Во театарот покривот протекува на неколку места, а низ објектот водата се собира во кофи.

Изградбата на театарот беше дел од проектот Скопје 2014 и ја чинеше државата близу 38 милиони евра. 37.755.471 евра.

Поврзани вести

Back to top button