МЛАДИОТ СТЕФАН ХРАБРО СЕ БОРИ СО ЛЕУКЕМИЈАТА – апел за донации за лекувањето во Британија
Порталот Струмица денес објави повик за донација на младиот Стефан Таушанов, кој боледува од леукемија и се лекува во Велика Британија.
Почитувани наши струмичани, досега сме успеале во многу случаеви заедно да помогнеме, таква мисија имаме повторно. Се работи за нашиот млад и полн со живот Стефан Таушанов од Струмица кој има дијагностицирано хронична лимфоцитна леукемија која се шири низ неговата лимфа. Во моментот се лекува во Велика Британија, но овој третман е доста скап и затоа сме потребни ние да му помогнеме на Стефан да продолжи со неговото лекување. Засега може да донирате со кликнување ОВДЕ, а набргу ќе бидат отворени и броеви за донации. Ви благодариме!
ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ: https://www.gofundme.com/f/help-stefan-taushanov-with-his-cancer-treatment?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=p_cp%20share-sheet&fbclid=IwAR0pdRvdOy1WbxCt8jEOOYwYC5Yq3yoNG3f0YWCntNyqBx0m526apnF8deA“, се вели во објавата на порталот.
фото. Струмица Денес