ЖивотМистерииТоп

Мистериозен астероид се врти сѐ побргу, научниците не знаат зошто

Астероид кој може да помине, релативно блиску до Земјата и кој предизвикува спектакуларен годишен дожд од метеори од групата Геминиди, почнал да се однесува чудно.

Научниците кои ја набљудуваат променливата светлина на астероидот 3200 Фаетон заклучиле дека тој почнал да се врти побрзо и побрзо околу својата оска, скратувајќи ја својата ротација за околу 4 милисекунди секоја година. Ова откритие ги изненадило бидејќи вртењата на астероидите обично не се менуваат.

Разбирањето на она што се случува со Фаетон може да ни даде повеќе увид во класата на астероиди кои се сметаат за „потенцијално опасни“. Овој астероид моментално не претставува никаква опасност за Земјата, но со својот пречник од 5,8 километри може, доколку по некоја случајност, удри во нашата планета, да предизвика значителна штета.

Дополнително, тој ни се приближува доволно за време на својот пат со поизразена промена во неговата орбита од 524 дена и може да предизвика одредена загриженост, пишува Science Alert.

3200 Phaeton е всушност многу необичен астероид. За време на својата орбита, како комета, се приближува до Сонцето и зад себе има правлива опашка. Но, за разлика од кометите, се чини дека нема мраз на неа, поради што експертите му го дале прекарот „камената комета“.

Дополнително, тој е еден од само двата астероиди кои произведуваат метеорски дожд. Кометите обично се одговорни за овој небесен спектакл.

И да – тој е впечатливо син; повеќето астероиди се црвеникави или сиви.

Поради своите необични карактеристики, Јапонската вселенска агенција планира да ја испрати мисијата (Demonstration and Experiment of Space Technology for INterplanetary voYage with Phaethon fLyby and dUst Science).

Светлината на Фаетон се менува додека ротира околу својата оска, што значи дека по некое време научниците успеале да го одредат неговиот приближен период на ротација од околу 3,6 часа. Но, ако сакаме да слетаме вселенско летало на него, потребни ни се попрецизни податоци.

Затоа, планетарниот научник Шон Маршал од опсерваторијата Аресибо во Порторико започнал да работи на подетално определување на неговата големина, форма и ротација; каде што открил нешто многу необично.

„Предвидувањата од моделот на обликот не се совпаѓаат со податоците. Сфатив дека периодот на ротација на Фаетон пред набљудувањето во 2021 година постепено се менуваше, можеби поради неговата активност кога беше во близина на перихел во декември 2020 година“, објасни Маршал.

По подетална анализа на целокупниот сет на податоци, кој го опфаќа периодот од 1989 до 2021 година, тој открил дека оваа промена може да се објасни со постепено, стабилно забрзување и загуба од 4 милисекунди период на ротација годишно. Кога се гледа на годишно ниво, тоа не е некоја голема промена, но како што минуваат децениите станува сѐ поизразена.

Експертите не знаат точно зошто се случува ова. Можно е да се работи за губење на маса, при што доаѓа до забрзување на ротацијата. Може да се работи и за ефектот Јарковски-О’Киф-Раџиевски-Падак (YORP), кога топлината на ѕвездата влијае на брзината на ротација на мало тело, како што е астероидот.

Маршал и неговите колеги го претставиле своето откритие минатата недела на 54-тиот годишен состанок на Одделот за планетарни науки на Американското астрономско друштво.

Поврзани вести

Back to top button