СветТоп

Мигрантите од Европа ќе направат Обединети нации – Белците во Лондон веќе се малцинство

Даглас Мареј, познат новинар на Спектатор, Стендпоинт, Волстрит џурнал и други, објави публицистичка книга, во која објаснува дека смртта на Европа веќе се случила. Притоа, како што објавува Јутарњи лист, Мареј се држи до голи факти.

– Мигрантите, готово сите, се на пат кон Германија или Скандинавија, во Унгарија влегуваат преку Србија или Хрватска и тоа со брзина од дури 10.000 лица на ден, пишува Мареј.

Авторот јасно покажува дека вниманието на јавноста е свртено кон проблемот со мигрантските рути, додека постарите мигранти веќе одамна се одомаќинети и ја променија сликата на Стариот континент. Џабе му е Брегзит на Обединетото Кралство, кога неговите крвни зрнца се прераспоредени, пишува атворот. Иако образованите за тоа нема да разговараат, нова крв е пуштена, и веќе се смета на нејзиниот принос во демографската мака.

На пописот на населението во Англија и Велс, во 2012 година, бројот на христијани е 59 отсто, односно 12 проценти помалку отколку во претходниот попис во 2002 година, а изнесува 33 милиони, односно 4 милиони помалку.

Бројот на муслиманите, пишува во книгата на Мареј, во истиот период се зголемил: од 1,5 на 2,7 милиони. Само 44,9 отсто од жителите на Лондон се сметаат за „бели Британци“. Тие се малцинство во 23 од 33 лондонски општини итн. Во недоглед, пишува авторот.

Всушност, заклучокот на Мареј, е политички коректен: „До средината на овој век Кина веројатно ќе изгледа како Кина, Индија како Индија, Русија како Русија, источна Европа како источна Европа, а западна Европа во најдобар случај ќе наликува на Обединети нации“. Доколку не се случи војна на цивилизациите на нејзиното тло.

Поврзани вести

Back to top button