МД „Илинден“ го актуелизира барањето за формирање општини Голо Брдо и Гора
– Македонско друштво „Илинден”-Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно го актуелизира барањето на македонската заедница поврзано со територијалната поделба во Албанија и формирањето две општини Голо Брдо и Гора.
-Тоа поради фактот што со законот за територијална поделба усвоен од парламентот во Тирана во 2014 година се покажа дека новата административна поделба е нефункцонална и е на шетата на граѓаните, на што ние Македонците предупредувавме. Услугите од државната администрација и локалната самоуправа се отежнати. Македонците од Голо Брдо и Гора за еден извод или било каква потврда или документ принудени се да патуваат два до три часа до локалната админстрација кон која прпаѓаат, стои во соопштенето на друштвото.
Во 2014 година Владата ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, па првите две ги приклучи кон општина Булќиза, а третата кон Елбасан,како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора, кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Република Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа.
-И покрај барањата на македонската заедница во 2014 година, Владата не ги зеде во предвид нашите барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора. Македонците во свете области укинувањето на македонските општини го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Република Албанија,се наведува во соопштениото потпишано од претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.
Се посочува дека од име на македонската заедница се бара Владата и министерот за локална самоуправа да предложат измени и дополнувања на Законот со формирање на две општини: општина Голо Брдо и општина Гора.
Друштвото во исто време ги поздравува и поддржува барањата на Демократската партија за нова територијалната организација на локалната самоуправа и реформа на изборниот законик.