Малите генијалци се вратија од Олимпијадата со бронза, дипломи и многу насмевки (ФОТО)
Во конкуренција со 182 училишта од 15 држави и преку 1200 учесници, генијалците од Македонија ги покажаа нивните генијални „супер моќи“.
Заврши четвртата меѓународна Олимпијада по Ментална Аритметика која се оддржа во неделата во Белград. Македонските претставници во Скопје се вратија со бронза, дипломи и многу насмевки.
Во конкуренција со 182 училишта од 15 држави и преку 1200 учесници, генијалците од Македонија ги покажаа нивните генијални „супер моќи“.
Учителите се премногу горди на сите генијалци, кои за толку краток период нижат големи успеси, и порачуваат дека тие навистина се ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ.
Техниката на ментална аритметика се заоснова на употреба на древната направа абакус, со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање. Детето со вежбање ментална аритметика и работа со двете рачиња на абакусот развива повеќе функции во исто време: фокус, внимание, концентрација, меморија и визуелизација што се главните цели на училиштето.
Франшизата „Малац генијалац”, освен во Скопје, од септември своите врати ќе ги отвори и за другите градови во Македонија, со цел што поголема едукација на децата, како и подобрување на фокусот, концентрацијата и памтењето кај децата.
Извор:
slobodenpecat.mk