Свет

Малиот херој кој го спаси својот другар од сигурна смрт: Со последните сили го извлеков од вода и му ги притискав градите како на филм

13-годишниот Џорџе Стојовиќ од Црна Гора деновиве важи за херој во целиот регион, а сето тоа е бидејќи го спасил својот другар кој е една година помал од него од сигурна смрт.

Имено Џорџе и неговиот другар си играле покрај реката во која имало сајла која капачите ја користеле да преминат од едната страна на реката до другата или за скокање, па и неговиот другар посакал да го направи истото иако бил непливач.

Според Џорџе тој влегол во водата и се држел на сајлата, но бидејќи рацете му биле испотени во еден момент му се лизнале и тој паднал во водата и почнал да се дави.

Иако со сета сила се трудел да се оддржи над водата сепак почнал да тоне и да се дави.

Во тој момент Џорџе нашол стап со кој се обидел да го спаси и извлече на брегот, но залудно. Така малиот херој одлучил да скокне во водата и да го спаси, но претходно се сетил да ја соблече маицата за неговиот другар во паника да не го повлече па и двајцата да се удават.

„Во моментот кога допливав до него тој веќе беше онесвестен, со последни сили го фатив под пазувите и го извлеков од водата. Тогаш почнав силно да го стискам на градите онака како што гледав на филм за да ја исфрли водата од белите дробови и наеднаш почна да дише, раскажал Џорџе.

Така босоног и без маица истрчал до првата куќа за да побара помош.

„Бев исплашен и почнав да плачам, не знаев дали ќе преживее, но се надевам дека наскоро ќе излезе од болница“ рекло момчето.

Како што вели тој, сите му викале бидејќи биле преплашени.

„Сега е важно момчето да биде добро, поминавме лоши моменти со неговото семејство. Среќа во несреќа е што изгубил свест, па син ми можел да го извлече, инаку исходот би бил многу полош. Цело време се обидувам да не мислам дека можеше да биде голема трагедија“ рекол таткото на Џорџе.

Поврзани вести

Back to top button